Притвор за лице кое изврши разбојништво во Битола​

168

Битолчанец е осомничен за разбојништвото кое се случи минатата среда во тој град. Критичниот ден, околу 18,45 часот, сега осомничениот, додека се разминувал со жена, го фатил златниот ланец што таа го носела околу вратот, а потоа, почнал со сила да го скине, но со оглед на тоа што ланецот бил масивен и не се кинел тој почнал да ја влече и оштетената. Во еден момент тој успеал да ја турне и собори на тротоарот, а потоа и го скинал златниот ланец чија вредност е проценета на 120.000 денари или две илјади евра.
Јавен обвинител предложил, а Судија на претходна постапа одобрил мерка притвор во траење од еден месец, за осомничениот разбојник.

Спонзорирано