Се бара притвор за гостиварецот кој ја усмрти својата сопруга

243

Обвинителството во Гостивар отвори кривична истрага за човекот кој на деветти, овој месец, во семејниот дом, ја усмрти својата 60-годишна сопруга. Како што можеше да се предвиди лицето, кое е а возраст од 67 години, е осомничено дека сторило кривично дело убиство.
Како што појаснуваат од Обвинителсвото за осомничениот, кој неколку дена беше во бегство, е побаран притвор. Оттаму и информација дека се работи за убиство извршено на свиреп начин и со умисла. Имено, брачната двојка во подолг временски период имала чести расправии, а критичниот ден сега осомничениот влегол во дневната соба со секира во рацете и со неа и задал неколку удари на жената. Тој ја удирал со секирата по глава, а потоа, од кујната, земал нож и со него и задал повеќе убоди во стомакот. Откако се уверил дека ја убил, излегол од куќата и најпрвин со велосипед, а потоа и пеш се упатил во правец на Сува Гора. Извесно време бил во шумата над селото Страјане, но потоа се симнал на патот, каде бил фатен и лишен од слобода од овластени полициски службеници.

Спонзорирано