Бојан Јовановски е во болница, а Катица Јанева во Гевгелија, каде ја издржува мерката куќен притвор, но токму отсуството на првоспоменатиот е причина за одлагање на стартот на судскиот процес инициран од поранешната јавна обвинителка.
Како што е познато Јанева, на 12. март оваа години, иницираше судски процес поради тоа што Боки 13 тајно ја фотографирал и снимал, а потоа, тие фотографии, кои обвинителството ги приложи како доказ во предметот „Рекет“, потекнувале од мобилниот телефон на Боки 13.
Катица Јанева цени дека и била нарушена приватноста, односно дека била тајно снимана во нејзиниот дом. Застапникот на Јанева, скопскиот адвокат Дељо Кадиев, потврди дека се работи за 22 фотографии кои биле презенитирани на судењето за предметот наречен „Рекет“, а во кој Јанева беше осудена за затворска казна во траење од седум години. Несомнено дека во јавност најмногу коментари повлече фотографијата на која се гледа Јанева, а пред нејзе пачки со евра.
Она што засега е извесно е дека на следното рочиште, закажано за 19. следниот месец, ќе се појави тужениот Бојан Јовановски, но не и Катица Јанева, бидејќи за неа беше кажано дека нејзините интереси ќе ги застапува нејзиниот адокатски тим.
Одложено судењето на Боки 13 по тужба од Катица Јанева
Спонзорирано