ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА РАЗБОЈНИШТВА ВО АПТЕКИ

437

Прилепското Основно јавно обвинителство поведе постапка за лице на возраст од 32 години, од Прилеп, за кривично дело разбојништво и уште еден обид за разбојништво.
Сега осомничеиот, на 13. овој месец, под закана со нож кон ваботена во аптека, на улицата „Васко Карангелевски“, одзел 2.500 денари. Пет дена подоцна сега осомничениот влегол во друга аптека, лоцирана на истата улица. Тој повторно и се закнил на вработената со нож, но таа го повикала сопругот кој во тоа време бил во друг дел од објектот. Кога го видел сопругот на вработената разбојникот се дал во бегство.
Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителствто и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена. ​​

Спонзорирано