Третиот судија во Советот кој решаваше по прашање на понудените гаранции, во замена за укинување на притворот на Сашо Мијалков, как што неофицијално дознава „Правосудство“, имал издвоено мислење. Имено, како што дознаваме станува збор за судијката Тања Милева која, за разлика од нејзините колеги Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, не се согласила со укинувањето на притворот на Мијалков и затоа дала свое, издвоено мислење.
Само кратко време по објавувањето на одлуката за укинување на мерката притвор, по втор пат денеска се огласи Јавното обвинителство. Во своето кратко соопштение Обвинителството информира дека бара од судот да му изрече нова мерка притвор на Мијалков, но сега за предм,етот „Плацви на Водно“.
„По денешната одлука на Апелацискиот суд Скопје со која беше прифатена жалбата на Сашо Мијалков и е преиначено решението за притвор, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување на мерката притвор за Сашо Мијалков, обвинет за помагање при кривично дело ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’, од чл.273 ст.1 в.в. чл.24 од Кривичниот законик во предметот познат во јавноста како ‘Плацевите на Водно’, се вели во соопштението на Обвинителството и притоа се поочува дека и покрај понудената гаранција и определените мерки за обезбедување, се уште постои опасност од бегство.
ТРЕТИОТ СУДИЈА ВО СОВЕТОТ ИМАЛ ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ ЗА ГАРАНЦИИТЕ ЗА МИЈАЛКОВ?!
Спонзорирано