САШО МИЈАЛКОВ, СЕПАК ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР!

1138

Само неколку часа по прифаќањето на гаранциите во замена за укинување на притвор, скопскиот кривичен суд донесе решение со кое му одредува нов притвор на екс диркторот на УБК, Сашо Мијалков.
Имено, Јавното обвинителство нзадоволно од одлуката на Апелациониот суд попладнево, до скопскиот кривичен суд достави нов предлог за изрекување на мерка притвор, но овој пат за случајот „Плацеви на Водно“.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство. Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, е наведно во соопштението на скопска „единица“.

Спонзорирано