СО ГАРАНЦИИ ОД 11.106.501 ЕВРО СКОПСКА АПЕЛЦИЈА МУ ГО УКИНА ПРИТВОРОТ НА САШО МИЈАЛКОВ

740

После неколку одбивања, Совет на Апелациониот суд во Скопје, одлучи да ја прифати најновата понудена гаранција за екс директорот на некогашната Управа за државна безбедност, Сашо Мијалков. Со прифаќањето на гаранцијата во висина од од 11.106.501 евро Мијалков заминува дома, но со обврска да се јавува во судот, каде ќе му биде и патната исправа.
Мијалков во затворот „Скопје“ е од почетокот на годината, односно од 26 февруари годинава, но неговото излегување оттаму најверојатно ќе се случи во текот на утрешниот ден. Како што неофицијално се дознава гаранциите понудени од Мијалков се главно во недвижности, но најновата понуда е за само 300.000 евра повисока од претходната.
Притворот на Мијалков му беше изречен за предметот наречен „Трезор“ за којшто тој е неправосилно осуден на осум години затвор. Мијалков има уште една пресуда од 12 години затвор за предметот „Таргет – Тврдина“, но нему му се суди и за плацевите на неговиот братучед Никола Груевски, купени на падините на Водно, како и за предметот наречен „Титаник 2“.
И додека јавноста ја коментира одлуката на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, Јавното обвинителство со укажување дека тие било против ослободувањето на Сашо Мијалков поради можен ризик тој да се дaде во бегство.
Со жестока рекција и противење на донесената одлука се огласи и актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ. Тој потсетува на случајот за кој Мијалков беше предмет на истражување поради негово наводно бегство, но Маричиќ бара од Советот на јавноста да и да ја појаснат одлуката за укинување на притворот на Сашо Мијалков, а бара и реакција од Судскиот совет.

(Љ.С.)

Спонзорирано