ПОЛИЦАЈЦИ И ЦАРИНИЦИ ИНВОЛВИРАНИ ВО КРИУМЧАРЕЊЕ И ВО ШВЕРЦ НА НАРКОТИЦИ

1385

Кривичната истрага ќе се води за девет лица од кои тројца се полициски, а петмина се царински службеници

 

Министерството за внатрешни работи утрово релизира акција за сузбивање на кривични дела криумчарење и недозволено произвоството и пуштање во помет на опојни дроги.
Во акцијата се приведени десет лица: Б.А.(35), М.А.(40), И.А.(45), И.Ф.(47), А.А.(43), сите од Куманово, А.Ж.(53), Т.Т.(54), Д.К.Ш.(43), Џ.Ш.(36), од Скопје и Љ.Љ.(36) од Тетово. Од приведените тројца се полициски службеници, а петмина се царински службеници.
Иако полицијата привела десетмина, Јавното обвинителство повело постапка за деветмина.
„По повеќемесечно постапување, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица, од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле кривично дело: криумчарење од член 278, а на тројца на товар им се става и кривичното дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 од Кривичниот законик“, се вели во службеиот допис на Обвинитлството кое притоа појаснува дека лицата учествувале во пренесување на прекурсори и дека во два наврата требало да пренесат стока од царинската испостава на аеродромот „Скопје“, до зелениот појас во близина на државната граница помеѓу РСМ и Косово.
Осомничените царински службеници, спротивно на нивните службени надлежности, и покрај тоа што за пристигнатата стока модулот за управување со ризик при системот СОЦДАД определил црвен канал, што подразбира задолжителен детален преглед со кој ќе се спореди фактичката состојба со декларацијата, не постапиле и не извршиле соодветна контрола со која би ги утврдиле неправилностите. Со ваквото постапување како службени лица овозможиле преку царинска линија пренесување на стоки различни од декларираните.
Кко што најавуваа од Обвинителството тие за осомничените ќе побараат судот на сите да им изрече мерка притвор.

Спонзорирано