ПОМИНА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ВО КОЈА НЕ СТОРИВМЕ НИШТО!

962

Наместо да направевме барем мал исчкор во насока на враќање на довербата во судството, ние сега имаме постапки каде им се суди на повеќе лица, а првообвинетиот од безбедна далечина и на почист воздух, го коментира текот на судењето и самите сведоци, инаку негови некогашни соработници

 

Љубиша Станковиќ

Дојдовме некако до крајот и на оваа календарска година и како по традиција, речеси ништо не сторивме на планот на правосудството. Сакам да кажам дека и оваа година не донесе ништо што, барем малку, ќе ја повратеше недовербата во судскиот систем кој, пак, си тера како што си тера со години наназад.
Многу време ми требаше за да можам да „извадам“ нешто по што ќе се препознае минатата недела и, за жал, работите пак се сведуваат на судски процес кој се однесува на поранешниот премиер Никола Груевски, кој, пак, судењето го следи од безбедна далечина и секој кој ќе охрабри да го обвини, тој му коментира по социјаните мрежи.
Има моменти кога не знам дали воопшто треба да се известува или да се коментираат судењата на Грувески, бидејќи тој ем е обвинет, ем најредовно ги коментира лицата кои сведочат, но не случувањата и дејствијата поради кои е обвинет. Така, судењето на Груевски за случајот наречен „Плацеви н Водно“ се сведува на судење на речеси сите оние кои некогаш му беа најблиски соработници, додека тој какп да е „во публика“, од каде што раскажува за лошиот квалитет на воздух во Скопје и за неговата кашлица која е предизвикана токму од лошиот скопски воздух.
Груевски не кажува дали украл 1,2 милиони евра од партијата за да купи 10.000 метри простор на Водно, дали навистина примал пари во кеш кои не ги пријавувал и дали навистиа во канцеларијата на партскиот генерален секретар има сеф кој не може да ги собере сите седства кои биле донирани за потребите на партијата?!
Одговори на вакви прашања Груевска не дава, но тоа не му пречи да ги нападне и Мартин Протугер и Влатко Чинговски и Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески и(ли) секретарката на Алек „Теранова“, откако сите овие проговорија и потврдија дека тој земал од партските пари за да си купи плацеви на Водно. Впрочем, да не беа овие сведоци никогаш немаше да знаеме со сигурност дека Груевски имал „капарисано“ и плац и фирми кои ќе му го купат земјиштето, но и тоа дека купил и стан кој го запишал на туѓо име!
Судот, во овој предмет, барем кога е Груевски во прашање има релативно чиста ситуација. Отворено може да остане само прашањето за висината на казната, како и казните на оние кои со свои и туѓи фирми му помагале во реализацијата на она што тој го замислил и го испланирал!
Без никаква намера да влијаам на одлуката која ќе следи, само сакам да кажам дека има и такви обвинети кои треба да бидат ослободени од кривична одговорност, бидејќи некои од нив и немало да дозволат крадење на партиски пари и уште да му помагаат во купувањето на плацевите н Водно.
Не можам, а да не спомнам нешто и за она што последниве денови им се случува на некои новинари кои се на удар на органите на прогонот.
Имено, пред некоку месеци пишував дека вметнување на новинарите во закон не е никаква придобивка и нешто поради што новинарските здруженија треба да бидат среќни и задоволни, но многумина го мислеа токму спротивното и сега кога имаме двајца пријавени новинари ќе бараме отрфрлање на кривични пријави? Што мислеа тогаш? Дека законот само ќе ги штити новиарите? Дека од нив нема да се бара одговорност?
Не може еднаш да бараш Обвнителството да те штити и да те застапува, а веќе следниот пат од истото тоа Обвинителство да бараш да не води постапки за новинари! Патем, многу е несериозно кога кривичен прогон на новинари се нарекува: „притисок кон јавната критика“, бидејќи ќе ни фали термин кој ќе го објасни притисокот што новинарите го вршат врз државните органи, а пред се врз Јавното обвинителство?
Таканаречните „Совет за етика“ или „Совет на честа“, на кои се повикува и ЗНМ се само за „интерна употреба“ и тешко дека нешто значат за Обвинителчството. Токму затоа сета ова што се случува ми личи на „автогол со пета“, што би рекол покојниот Амди Бајрам!

П.С.
Ако, некому не му се допаѓа мојот став и мислење и притоа планира да реагира на кој било начин, тогаш и јас, туѓото мислење ќе го сметам како обид за „притисок кон јавната критика“!

 

Спонзорирано