Премиерот цени дека е крајно време „судството да се соочи со јавноста“ и затоа на ДКСК и се ставаат на располагање сите државни инструменти во расчистување со неспособните судии и јавни обвинители

 

Премиерот на Владата, Зоран Заев, побара од Државната комисија за спречување на корупција ( ДКСК) да го провери имотот на судиите и јавните обвинители, како и имотната состојба на нивните најблиски роднини, а се со цел утврдување на евентуални конфликти на интереси.

Во видео- пораката, Заев потсетува дека изминативе две и пол години само се потврди дека „судството остана последната тврдина на ‘заробената држава’, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции“, од таканаречени „Сваровски центри“.
„Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните“, рече Заев и потврди дека Антикорупциската коми

сија веќе врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата. Тој освен што ја повика ДКСК да ја започне проверката на имотната состојба на судиите и обвинителите, најави и силна поддршка од Владата на РСМ во реализација на овој таканаречен „тивок ветинг“, притоа најавувајќи дека ќе бидат ставени во функција сите државни институции.
Премиерот Заев рече дека Антикорупционерите ќе треба да ги утврдат и конфликтите на интереси, а секој судија и обвинител ќе треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани во постапките што тие ги воделе. Тој побара од Судскиот совет и од Советот на јавни обвинители да ја оценат одговорноста на оние кои посредно или непосредно учествувале во застарување на некои предмети.„Мора да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети. Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните“, вели Заев и најацвува проверки на сите медицински птврди со кои се препорачува укинување на мерка притвор, односно негова замена за куќен притвор, по што е се случувале бегства од државата.
Премиерот Заев побара од Европската комисија ( ЕК), да започне со стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил, односно снимките од судењата да бидат достапни во аудио верзија.

Спонзорирано