Престрелка во скопскиот хотел „Александар Палас“

1071

Половина час по полноќ, во скопскиот хотел „Александар палас“, се случила престрелка во која учествувале најмалку три маскирани лица. Цел на наадот биле петмина други кои во тоа време биле во хотелскиот ресторан. Еден од нападнатите е полициски работник кој возвратило на стрелбата од автоматско оружје.
Што точно се случувало вчера вечер во хотелот „Александар Палас“ допрва ќе се истражува, но се претпоставува дека за ваков напад треба да постои голем мотив.
За случајот, утрово, со реакција излезе Министерството за внатрешни работи, а може да се очекува и реакција и од Јавното обвинителство.
„На 01. декември 2019 година, во 00,35 часот, пријавено е пукање од огнено оружје во хотел ‘Александар Палас’, во Скопје. Повредени лица нема. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во првичната писмена реакција на Министерството за внатрешни работи.
Според пишувањето на некои медиуми полицискиот службеник испукал 11 куршуми во правец на маскираните напаѓачи, по што тие се дале во бегство.