Почина Жарко Луковски

    1498

    На 57 – годишна возраст, денеска во Скопје почина поранешниот главен извршен директор во „Т-Мобиле“ Жарко Луковски.
    Името на Луковски, изминатата деценија, се поврзуваше со бројни афери во чие средиште беа највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Лукоски беше доведуван во контекст со оф-шор фирмата „Ексико“, а беше осомничен во предмет што го водеше Специјалното јавно обвинителство, наречен „Базни станици“. Тој се сомничеше за сторена злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик на Р.С.М., односно дека издејствувал 3,5 милиони евра за „Бетон АД Скопје“, а на штета на акционерите на „Т-мобиле“, како и на самата држава.
    Жарко Луковски беше споменат и во предметот наречен „Рекет“ како еден од оние од кои биле изнудувани пари.