Пратеникот Никола Мицевски не знаел за можен упад во Собранието на 27. април

1464

Како што и можеше да се претпостави, Никола Мицевски, пратеник и коордиинатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, не знаел ништо за насилниот упад во Собранието, а Трајко Вељаноски, си ја вршел функцијата во склад со деловникот.

Пратеникот Мицевски, како еден од 15-темина повикани поранешни и актулени сведоци на случувањата од 27. април 2017 година, денеска во својство на сведок, а на предлог на обвинетите говореше за немилите натани.

Мицевски ќе посведочи дека ниту некој од партијата, ниту некој од колегите пратеници не му спомнал било што за некакво планирано насилство. според овој сведок и за протестите наречени „За заедничка Македонија“ ВМРО ДПМНЕ не ги поддржал, бидејќи за такво нешто не бил заземен јасен политички став, но ќе посведочи дека до него стигнувале реакции од граѓани кои барале организирање на протести низ целата земја, бидејќи не се согчасувале со таканарелената „тиранска платформа“, но и тоа дека и самиот учествувал на протести во Штип.

Мицевски со тврдење дека на протестите освен негови сопартијци и симпатизери видел и членови на СДСМ.

Прашањата поставени од одбраната беа во насока на тоа дали Трајко Вењаноски го прекршил деловникот за работа на Собранието или не, но обвинителката Гордана Смаќоска, се интересираше дали сега обвинетиот Вељаноски можел да му го исклучи микрофонот на пратеникот Зеќирија Ибраими додеке тој ја пеел химната на Албанија.
Инаку, во судницата на скопскиот кривичен суд се и Драган Данев, Панчо Минов, Трајчо Димков, Крсто Јовановски, Благица Ласоска, Магдалена Манаскова и Иван Иванов.

За организирање на упадот во државното Собрание освен Трајко Вељаноски, обвинети се и екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. сите тие се товарат терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Првично, на листата на организатори можеа да се прочитаат и имињата на поранешниот премиер Никола Груевски и на разузнавачот, Никола Бошковски, но како што е познато едниот побегна во Унгарија, а другиот во Грција.

На овие двајца, за споменатото дело ќе им се суди кога ќе им бидат достапни на органите на кривичен прогон.

Спонзорирано