Познат идентитетот на петтемина загинати кај Драчево

1836

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  М.Ј.(44) од Скопје “ и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и сопатниците во возилото „рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.

Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Спонзорирано