ПОВЕЌЕ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА ПОГОЛЕМА НЕЗАВИСНОСТ НА ПРАВОСУДСТВОТО

845

Тенденцијата на надлежните органи е да се обезбедат повеќе средства од државната каса за правосудството, изјави денеска премиерот Зоран Заев, во врска со капацитетите на државата да одвои средства од буџетот за да обезбеди финансиска независност на државното обвинителство.
– Зборуваме генерално за правосудството кога разговараме за финансии заедно со судско-буџетскиот совет што го покрива и обвинителскиот совет. Тенденцијата која што сега се бара согласно со капацитетите, е да пораснеме колку што е можно повеќе од 0,37 проценти од БДП и сакаме да стигнеме до 0,5 проценти. Тоа се огромни пари и тие ќе овозможат дополнителна независност и дополнителен квалитет на правосудството, вклучително половина за обвинителството, а половина за судството во државата. Ако има доволно пари да обезбедат обвинителството да не должи пари за вештачење, да имаат независни експертизи, да ги оформат истражувачките центри, да ги доекипираат стручните служби, а административните да се доекипраат со доволно обвинители, верувам дека тоа ќе биде помоќно, посилно понезависно и уште поправично во делот на процесуирање на предметите, истото важи и за судството, така што ќе стегнеме заби и дополнително ќе определиме средства – изјави Заев.
Тој истакна дека сега тоа е возможно, бидејќи државата е во просперитет и прогрес и растат приходите во државниот буџет.

Спонзорирано