Станува повеќе од извесно дека синоќешниот упад на полицијата во магацин, за кој се верува дека е во сопственост на лидерот на СДСМ, Зореан Заев, а во кој се подготвувале хуманитарни пакет ќе финишира со прекршочни пријави, но не треба да се исклучи можноста МВР да побара и кривична одговорност поради работа во време на полициски час.
Како што сега стојат работите МВР ќе опстојува на својот став дека упадот се должи на наводно непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење и токму поради тоа, вчера вечер во 22,30 часот, во магацин на улицата „Ѓорги Трајков“, во Струмица, бил извршен претрес и притоа биле пронјадени 11 лица кои работеле на полнење на пакетите кои како хуманитарна помош требало да завршат кај граѓаните.
„Биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина. Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели ‘Сите заедно можеме’, а дел од лицата поседуват известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10. овој месец“, се вели во службеното обраќање на МВР од каде и потврда дека претресот бил извршен по налог на Јавен обвинител.
Од полицијата велат дека од пронајдените во магацинот никој не бил приведен, но дека три лица биле повикани на службен разговор.
„Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани. Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците. ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација. Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност. Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Заран Заев на својот фејбук профил.
Како што е познато Заев и во минатото, односно во време додека ја извршуваше функцијата градоначалник на Струмица често пати беше мета на неговите политички противници. Од сите монтирани случаи, насочени ротив него, во судница влезе само предметот наречен поткуп, но и тој заврши со пресуда со која се потврди дека немало никаков поткуп.
Полицијата упадна во магацин во кој семејството Заеви подготвувале хуманитарни пакети
Спонзорирано