ПРИВАТНА ФИРМА, СО ЧЕТИРИ ГОДИНИ СТАРА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА КАМЧЕВ И КЕРИМ, ЧЕКА НАПЛАТА НА ПОВЕЌЕ ОД 300.000 ЕВРА

807

На листата пријавни како сторители на крвично дело: оштетување или повластување на довертели, односно за претрпена штета од над 300.000 евра, освен поранешните први луѓе на „Медиа Принт Македонија“, се и Мирослав Његач и НН лице вработено во „Стопанска банка – Скопје“

 

(Љ.Станковиќ)

Кривична пријава која датира уште од 2018 година, деновиве повторно добива на актуелност, бидејќи се однесува на поранешните први луѓе на „Медиа Принт Македонија, Јордан (Орце) Камчев и Срѓан Керим.
Со пријавата, за кривично дело: оштетување или повластување на доверители, се опфатени и лицето Мирослав Његач и уште едно непознато лице, вработено во „Стопанска банка-Скопје“, а сите тие се товарат дека оштетиле приватна фирма за повеќе од 300.000 евра.
Фирмата, која се јавува како подносител на кривичната пријава, имала повеќегодишна деловна соработка со „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), но кон крајот на 2014 година, печатницата „Графички центар Скопје“, ( ГЦС), која е дел од фирмата на Камчев и Керим, почнала да доцни со плаќањето на фактурите.

„Во Графички центар, во тоа време, па се до отворање на стечајна постапка, управител е лицето Мирослав Његач, формален сопственик е МПМ Скопје, во сопственост на единствениот содружник Срѓан Керим, а неформален сопственик и управител бил Јордан Камчев, со кого оштетеното правно лице водело преговори за деловна соработка плаќање“, се вели во дел од кривичната пријава. Според наводите на пријавата претставниците на фирмата повеќе средби со Јордан Камчев и Мирослав Његач, но дека и покрај бројните ветувања плаќање на фактури немало, а тие само били залажувани.
Н почетокот на 2017. година, сопственикот на фирмата подносител на пријавата овластил адвокат кој, пак, во законска постапка требало од МПМ, како главен долг, да наплати 17.191.967 денари, односно наплата на фактури, дополнително уште 2.503.003 денари како камати и уште 337.167 денари на име трошоци за водењето на постапката.
Секако, МПМ не уплатило ниту денар, па извршителка и адвокатот се упатиле кон печатницата Графички центар, но пријавениот Његач не им дозволил влез во делот каде што биле сместени машините за печатење. Извршителката побарала полициска асистенција. Таа била ветена, но полициски службеници не се појавиле за да асистираат. Некако во исто време, сега пријавните, успеале да ги запишат машините во Заложен центар, а во корист на Стопанска банка, како обезбедување за веќе подигнат кредит.
Кога на 10. мај 20127. година и формално ќе биде отворен стечај за „Графички центар“, побарувањата за наплата, од повеќе од 300.000 евра, ќе бидат признаени од стечајниот управител, но нивната наплата ќе остане нереализирана.
Актуелноста на овој случај доаѓа во време кога с очекува Јавното обвинителство з гонење на организиран криминал и корупција да го поднесат обвинението за предметот наречен „Империја“, а во кој, еден дел се однесува токму на криминалите во МПМ.

Спонзорирано