По 2,6 години затвор за штипските насилници

1933

Судот во Штип им изарече по 2,6 години затвор на двајцата свои сограѓани кои брутално тепаа девојка, а насилството го снимиле на мобилен телефон, по што снимката ја објавиле на социјалните мрежи.
Пресудата за С. А. (23) и П. Р. (26), доаѓа по само едно одржано судско рочиште на коешто тие го признаа делото што им се става на товар и за кое тие изразија каење.
Снимката на којашто е регистрирано насилствто, според обвинителството, датира од јануари оваа година кога сега осудените „извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, потенцираа од Обвинителството коешто ги обвини за сторено кривично дело: насилство, од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а за кое дело е запретена затворска казна до пет години затвор.

Спонзорирано