Кавадаречкото јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за 29-годишен жител на неготинското село Дуброво, поради поседување на поголемо количство на наркорична дрога марихуана.
Сега обвинетиот, во домот и во помошни простории, заради препродажба чувал 39,533 килограми марихуана. Дрогата, којашто беше пронајдена и запленњета на 5. минатиот месец, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриена на повеќе места.
Освен обвинение, Обвинителствтото до судот доставило и предлог за продолжување на мерката притвор на обвинетиот, а со цел да се овозможи непречен тек на постапката.
Спонзорирано