Жители на Блаце осомнични за шверц на 100 кила марихуана

1469

Три лица од скопското село Блаце се осомничени за транспорт на безмалку 100 килограми марихуана. Настанот за кој сега се води истрага се случил во вторникот. Имено, сега осомничените, на во гепек и на заднмите седишта на автомобил „БМВ“, превезувале девет црни налонски вреќи во кои биле складирани 99,95 килограми марихуана. Дрогата била откриена при претрес на возилото на една од наплатнитр рампи на дел од автопатот Скопје – Велес.
На сите тројца осомнични, а по барање на јавен обвинител, им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Спонзорирано