Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство

450

По завршена истрага скопското Јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт за едно лице за сторено кривично дело убиство.
Станува збор за настан кој се случи на 10. мај оваа година, во куќа на улицата „Перо Наков“, во Скопје, кога при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот жената со која живеел и со која имал блиски односи. Сега обвинетиот, со удари со раце и нозе по телото и по главата и нанел повеќе телесни повреди изразени како хематоми и скршеници, а од кои бил предизвикан трауматски шок и смрт.
Со оглед на тоа што се уште постојат околностите кои укажуваат на опасност од бегство или обвинетиот да ја попречува постапката со влијание врз сведоците, јавниот обвинител побарал од судот му предложи да ја продолжи веќе изречената мерка притвор.​

Спонзорирано