Од жители на Ласкарци одземени пиштоли, судот ги упатил дома

525

Јавен обвинител отвори истрага за две лица за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Првиот осомничен е 26-годишник, од скопското село Ласкарци, кој на вчера, на булеварот “Илинден“, во Скопје, неовластено држел огнено оружје пиштол марка „EKOL Tiger“, за светлосна-звучна сигнализација, на кој била извршена дополнителна механичка интервенција, монтирање и поставување метална жлебна цевка. Со тоа пиштолот бил прилагоден како да е полуавтоматски пиштол, во кој имало 5 куршуми. Оружјето и муницијата биле пронајдени во касетата, пред совозачкото седиште.
Вториот осомничен бил совозач, лице на возраст од 32 години, исто така од Ласкарци. Кај него бил пронајден пиштол марка TOKAREV Tokagypt 58 со една рамка со седум куршуми.
Осомничени биле распрашани јавен обвинител и тие го признале делото, а судија на претходна постапка им изрекол мерка: забрана за напуштање на живеалиштето, јавување кај определени службени лица и времено одземање на пасоши.​

Спонзорирано