Владимир Панчевски со затворска придружба на судење, со придружба и вратен во „Шутка“

4420

Денешното судење се одложи за понеделник, бидејќи обвинетиот за злоупотееба на системот АКМИС не го разбрал обвинението, а само малку пред тоа тврдеше дека се уште е судија и дека има имунитет

 

Во велешкиот суд денеска, конечно, започна судењето на разрешениот судија Владимир Панчевски. Тој, како што е познато се товаери за сторени бројни злоупотреби на системот АКМИС, односно за делење на предмети на рака на судии за кои тој, додека ја извршуваше функцијата претеседател на скопска „единица“, лично ги изабирал.
Панчевски, денеска на судење беше спроведен од затворот „Скопје“, откако недоамна беше притворен по барање на судот во Велес, а кој обвинетиот го иабегнуваше цела година, но нему, и покрај криењето од органите на прогонот, денеска не му беше проблем да побара да му биде укината мерката притвор, а со објаснување дека се уште ужива судиски имунитет. Имено, обвинетиот за злоупотреба на службената положба и овласување, Владимир Панчевски, тврди дека се уште е судија, иако во судница ниту како судија, ниту како обвинет не влегол повеќе од една година, а потоа излезе и со тврдење дека обвинението не го разбрал.
Според Панчевски, тој, наводно, се уште ужива судиски имунитет, иако Судскоти совет на РСМ одамна го разреши од судиската функција, а неговата жалба до Врховниот суд е отфрлена, но нему не му пречи да каже дека не ја добила одлукат на највисокиот суд. Заради проверка, судечкиот совет, со кој раководи судијката Валентина Ѓорѓиевска, даде пауза која се искористи за да се провери неговиот моментален статус. Непосредно пред да биде дадена пауза обвинителката Цветанка Богоевска рече дека Врховниот суд веќе донел одлука и тоа по жалба на обвинетиот, а дека одлуката е од крајот на јуни, но дека тој, како што не ги примаше поканите за судењето, не ја примил поштата од Врховниот суд.
Со оглед на тоа што Панчевски не го разрал обвинението, денешнорто судење е одложено, односно е презакажано за понеделник, а тој е вратен во затворот во „Шутка“. Панчевски се товари за „местење“ на 50-тина предмети, односно делење судски предмети на рака и избегнување на употреба на системот АКМИС.
Како што веќе пишувавме судот, поради избегнување на рочиштата, на 10. овој месец му изрече мерка притвор, во траење од 30 дена, но тој вешто се криеше се до 15. јули, кога самиот се појави пред затворските служби, веројатно со надеж дека луѓето кои ќе го пречекаат ќе му помогнат.
Владимит Панчевски е правосилно одуден за мобинг, а според наши сознанија за него се води истрага и за други, многу потешки кривични дела, а „Правосудство“ за него ексклузивно објави дека уште како малолетник обивал и крадел по станови во центарор на Скопје и дека е крајно насилен со жени.

( Фото: „Сакам да кажам“)

Спонзорирано