Еден месец по случен настан обвинителството бара мерка притвор!

    725

    По точно еден месец од случување на крајно опасниот настан кој се одиграл улицата „Никола Грчето“, во скопската населба Чаир, скопското Јавно обвинителство одлучило да поведе за предизвикување општа опасност.
    Имено, на 24 јуни, сега осомничениот со своето делување предизвикал опас­ност по жи­во­тите на три лица, кои, додека седеле во стан на споменатата улица осомничениот, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа и да им се заканува. По ова, тој се симнал во дворот, позади зградата, и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените, а тие, за да не бидат повредени, се сокриле во спалната соба.
    Надлежен јавен обвинител, еден месец по настанот, проценил дека во овој случај постои опасност од бегство на осомничениот или, можеби ќе го оовтори делото, а имајќи ја предвид неговата личност, односно дека тој и порано бил осудуван за различнни кривични дела. Обвинителот ја имал в предвид и настојчивоста и агресивноста на осомничениот, во намерата за извршување на кривичното дело за кое што се води оваа постапка и затоа тој побарал судот да му определи мерка притвор.​

    Спонзорирано