Ем патриоти, ем бегалци!

4370

Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ ќе му престане владеењето ќе се најде некој „голем патриот“ и уште поголем Македонец и ќе побегне од земјава

 

Љубиша Станковиќ

Гледам деновиве некои медиуми и се навртеле на Рашела Мизрахи оти била качена на коњ. Некои отидоа до таму што и ја анализираа и облеката, капата, па дури и коњот за кој тврдат дека не е коњ, туку е кобила.

Јас не знам дали „црната риза“ на Рашела има некакво симболичко значење и дали капата е од оние кои ги носеле тодоралександровистите и дали кољот е кобила, но знам дека во ВМРО-ДПМНЕ секогаш се „качени на коњ“, а на крајот на криказната се качени во автомобил или кажано попрецизно – товарени во гепек!. И можеби затоа многу ме нервира кога ќе објават фотографии додека се „комити“ и(ли) „војводи“, но никогаш не и фотографии на кии се гледа како се натоварени во гепек и како бегаат од земјава! Некој можеби ќе рече дека споредбата на таквите видиви фотографии е непримерна, но јас мислам дека непримерно е однесувањето и секако бегството од земјата за која, нели, само до вчера, беа спремни да се борат и да погинат – ако треба?! Вака, мене ми личат на илегалните мигранти од Азија и Африка кои, како и нашиве „патриоти“, се обидуваат да побегнат во некоја од земјите на Европската унија.

Колку човек треба да е „патриот“ и да е од ДПМНЕ за да побегне од државата? Веројатно многу малку, но она што е извесно е тоа дека кога еднаш ќе успеат да побегнат никогаш повеќе не им

текнува да се вратат. Чиниш, нашле земја која е многу поубава од нивната која до вчера ја опејуваа на нивните „комитски вечери“?
Цели 16 години ВМРО-ДПМНЕ е власт во оваа земја и секогаш кога нивното владение завршува, некако како по правило, некој од нивните мора да бега.
Во прво време и можеше некако да се прифати тезата дека тие се ѓртви на политички прогон, ама кога бегаат прогонители тогаш ниту има политика, ниту одмазда, туку само страв од долгогодишен затвор!
Верувам дека уште има такви кои ќе се сетат на лицето Д

раган Даравелски. За оние кои не паметат треба да се каже дека поранешниот директор на „Царинската управа“ беше толку „голем“ што над него беа само министерката Доста Димовска и премиерот Љубчо Георгиевски и секако, тогашниот министер за финансии Никола Груевски.

Даравелски е правосилно осуден на седум години затвор, бидејќи ја злоупотребил службената положба со тоа што од државниот буџет издвојувал средства за општини, за цркви, за спортски клубови и репрезенации и за невладини организации. Драган Даравелски, од крајот на 2002 година, живее во Белград. Побегна човекот за кој се веруваше дека може од се да направи пари и истите пари да ги инвестира во партијата. Сосема друго е прашањето кој го терал да арчи државни пари за работи кои не се во сферата на работењето на Царината, но неговиот шеф, и после цели 11 години владеење не посака Даравелски да биде екстрадиран и на судење да каже кој му давал (усни) налози за исплата?!

Вториот битен бегалец од тоа време е Владислав Тамбурковски. Некој овој човек, со детски лик, го нарекуваа: „омилениот стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ“. Тамбурковски, кој во отсуство е осуден на казна затвор во траење од пет години, беше обвинет дека од 2003 до 2006 година, како стечаен управник, незаконски продавал метали кои не биле во сопственост на велешката топилница. Тамбурковски беше вклучен и работеше на стечајот на „Експорт импорт банка”, а ги водеше и стечаите на „Газела” и „ФАС”. Во фабриката за автобуси беше сменет по барање на доверителите кои го обвинија дека планирал фабриката да и ја продаде на бугарска фирма, чиј што сопственик бил негов близок роднина. Во „Газела”, пак, беше претепан од работниците. Сега Тамбурковски, како бугарски државјнин, живее и работи непречено. Се разбира, живее во Софија.
А дека патна исправа не е и не може да биде гаранција дека некој „патриот“ нема да се даде во бегство најдобро се покажа во случајот на Горан Грујовски и Никола Бошковски. Доскорешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, обвинети за масовно, незаконско прислушување на илјадници граѓани, успеаа, со лажни пасоши, да побегнат во Грција. Фалсификуваните пасоши на Грујовски и Бошковски, односно на Христо Атанасов и Неџби Хасан требало да им послужат за бегство во Унгарија каде, пак, „на изненадување“ само една година подоцна ќе се појави и нивниот неформален шеф, војвода и секако најголемиот „патриот“ – Никола Груевски.

Што се лошо и направи и колку пари ограби Груевски од оваа земја е тешко и макотрпно да се набројува, но вреди да се спомене дека кога тој беше власт имаше и судски предмет кој се однесуваше на некаква шпионажа. Обвинети беа политички опоненти на Груевски, но главни ликови беа унгарските безбедносни служби, односно оние кои подоцна ќе го товарат во гепек и ќе си го однесат во Будимпешта. Обвинетите, се уште се тука и веројатно немаат намера да бегаат? Тие или не се „патриоти“ или навистина меаат каде да бегаат?

 

П.С.
И денеска, бројни медиуми кои се под контрола на Никола Груевски, се финансираат од пари кои доаѓаат од нивните унгарски сопственици или од унгарски фирми.

П.П. С.
Колку да се потсетиме: И во случајот наречен „750.000 евра во шише“, а во кој директно е инволвиран Срѓан Керим или „патриотот од Опатија“, повторно беа инволвирани унгарските државни служби

Спонзорирано