Парични казни за неодговорни граѓани на Берово, Гостивар и Дебар

    1009

    Жител на Берово ќе треа да плати 50 дневни глоби, секоја од по 10 евра, поради непочитување на полицискиот час. Беровецот кој е веќе е обвинет се своето патничко возило го напуштил својот дом и се упатил по регионалниот пат Берово – Клепало, во насока кон Беровоското езеро, но на враќање, некаде половина час по полниќ, кај место викано Епрев Дол, бил пресретнат и запрен од полициска патрола.​
    Кривичен прогон и казнен налог од по 100 глоби ќе им биде изречен на тројца гостиварци кои, во понеделникот, се движеле по започнување на полицискиот час. И тројца дебарчани ќе треба да платат помеѓу 10 и 100 дневни глоби, откако беа обвинети дека сториле кривично дело: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Двајца од обвинетите, инаку сопственици на угостителски објекти, ги отвориле своите локали и во нив примале и послужувале гости. Третиот обвинет, пак, иако знаел дека е прогласен карантин за општините Дебар и Центар Жупа, сепак, преку спореден пат во близина на Бошков мост се обидел да ја избегне полициската контрола и да го напушти подрачјето на Општината Дебар, но откако се приклучил на регионалниот пат Скудриње – Гостивар тој бил запрен од полициски службеници и бил вратен назад.

    Спонзорирано