Управата за извршување на санкциите негира дека има заболени меѓу осудените и притворените лица

    257

    Управата за извршување на санкциите, согласно препораките и натаму забранува контакти на осудените и притворените лица со лица од надвор и презема мерки за одржување на високо ниво на хигиена, како и мерки на дезинфекција. Оттаму негираат дека дека има заболени меѓу осудените и притворените лица од коронавирусот.
    Од Управата нагласуваат дека веднаш по издадените препораки на Владата, од 10. овоју месец, веќе следниот ден донеле наредба со која се забрануваат контакти на осудените и притворените лица со лица од надвор, а дека новодојдените се сместуваат во простории за изолација, се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста. Оттаму и појаснување дека доколку во кој затвро се регистрира случај на коронавирус тие, преку медиумите, ќе ја информираат јавноста.