Петицијата на 75 адвокати за запирање на постапките за кривичниот суд е обид за манипулација

1668

Повикувајќи се на Одлуката на Судскиот совет и на Министерството за правда во судот, кривичниот суд, всушност исптрати одговор до оние 75 адвокати кои побараа времен прекин на сите судски постапки. Од скопска „единица“ велат дека насрочувањата на судењата се вршат на дневна основа и дека нема повеќе од десет судења кои се подведуваат како судења во итни и неодложни предмети, а дека сетоа тоа се врши во објект кој е на седум ката со што се изабегнуваат контакти меѓу лицата.
Барањето на групата адвокати за судот претставува обид за манипулација и потсеруваат дека Судскиот совет и Министерството за правда изготвија листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени за овој и за следниот месец.
Од кривичниот суд потврдуваат дека објектот редовно се дезинфицира, дека со безконтактен уред се мери температура на секој кој влегува во зградата, дека се користат медицински маски и ракавици, но и тоа дека ониње кои се јавуваат како критичари многу порано го информирале судот дека ќе бидат спречени да присуствуваат на судењеата и дека тие не се ни појавиле во судот.
Реакцијата на кривичниот суд уследи по барање зад кое стојат 75 адвокати кои бараат прекин на сите судски постапки, освен на оние каде се решава за изрекување мерка притвор. Адвокатите бараат Владата да донесе уредба со која ќе се спречи застарување на предметите, судниците да бидат дезинфицирани, да се обезбедат маски и ракавици.

Спонзорирано