Панчевски си го вработил внукот, ДКСК ќе го пријави во обвинителството

1352

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива до Јавното обвинителство за покренување кривична пријава против поранешниот претседател на Основниот суд Скоје 1, Владимир Панчевски, кој си го вработил својот внук на позицијата помлад судски соработник. Членовите на ДКСК се сомневаат дека Панчевски извршил посериозно дело од непотизам. Како што појаснија од Комисијата, на денешната седница, внукот на Панчевски, Јордан Тасевски, бил вработен како помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен на огласот. „Ќе се испитува злоупотреба на службена положба кај Панчевски. Тој ги надминал неговите надлежности. Ова е надвор од сите закони“, велат од ДКСК. На огласот за оваа позиција биле пријавени 155 кандидати и сите биле одбиени, а бил вработен внукот на Панчевски, кој воопшто учествувал на конкурсот. „Одлуката за вработување се доставува на лице кое не е пријавено како кандидат. Излегува дека лицето е уфрлено во листата“, рече претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Спонзорирано