КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА РКЕ

595

Според пријавата, поднесена од МВР, членовите на регулаторната комисија ги оштетилр граѓаните за 6,6 милиони евра Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против против поранешни членови на Регулаторната агенција за енергетика (РКЕ), поради издавање лиценца за работа на „Балкан енерџи груп“, но и поради тоа што овозможиле оваа компанија незаконски да дојде до поголем профит. Според Министерството за внатрешни работи вкупната штета што која им е нанесена на приклучените на парно во Скопје, а кои се корисници на БЕГ е проценета на 6,66 милиони евра. Креивичната пријава е насочена против Д.П. (51), пpетседател и член на РКЕ до јуни минатата година, потоа С.Ј. (61), поранешен и актуелен член на РКЕ, В.К. (65) и Е.М.В. (51), членови на регулаторната комисија до март 2017 година. Сите тие се сомничат дека спроотивно на Законот за енергетика и правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, во декември, на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, без притоа да бидат исполнети условите и критериумите, со јавни повици за оператори – за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Се работи за фирмите: „Производство на топлина Балкан Енерџи“, „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи“ и „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.

Спонзорирано