Отштета од 2,5 милони денари за Верушевски за 344 дена во притвор

1174

Отштета од над 2, 5 милиони денари за 344 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“ му определи судот  на поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

Верушевски бараше отштета од државата во висина од 71.000 евра, ама граѓанскиот суд му определи околу 42 илјади евра.

Ексразузнавачот,  во почетокот на  2015 година, беше притворен, со обвинувања за неовластено поседување на пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа, по што СДСМ почна да ги објавува „бомбите“ од масовното нелегално прислушување.

Во случајот „Пуч“ обвинет беше и сегашниот премиер Зоран Заев, кој во тоа време беше на чело на опозицијата. Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева го повлече обвинението за овој случај.

Спонзорирано