Оценката на обвинението за организаторите на „крвавиот четврток“ одложена за следниот месец

1257

Советот за оценка на обвинителниот акт  за организација на настаните од 27 април 2017,  по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во комплетниот доказен материјал.

-Одбраната истакна дека Обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот, па со цел заштита на правата на странките, Судот,   во согласност со одбраната,  дозволи на 11 ноември, во текот на целиот ден, да се врши увид во списите. Со оглед дека ниту обвинителот, ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини кои им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 06 декември, како што соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

На денешното барање на одбраната за присуство на јавност на седницата, Советот, исто така, ги известил странките дека, иако од претходно закажано, досега никој не се обратил со барање за присуство на јавноста на конкретната седница. Советот нема донесено решение за исклучување на јавноста, а по добиено конкретно барање дополнително ќе се произнесе, со оглед дека денешната седница беше одложена.

Одбраната во конкретниот предмет поднесе барање за иземање на сите судии кај кои, согласно АКМИС –от беше распределен актот, бидејќи истите учествувале во други постапки поврзани со кривично – правениот настан. Со оглед да беа исполнети условите од ЗКП, барањата беа уважувани и беа иземени осум од девет судии во Одделението за организиран криминал и корупција.

Се со цел да не се дозволат дополнителни одолговлекувања на оценката, како што велат од велат од Основниот кривичен суд Скопје, предметот беше рапределен кај Совет од одделот Кривично-полнолетни и беше закажана седицата.

Како организатори на т.н. крвав четврток во Собранието, Основното јавно обвинителство ги сомничи поранешните премиер и претседател на парламентот  Никола Груевски и Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски и поранешниот заменик началник во петтата управа Никола Бошковски. За насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, пак,   во март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Спонзорирано