Осум дена притвор за киднаперите на италијанската државјанка​

1102

Две лица, на возраст од 19 и 20 години, се осомничени за киднапирање на италијанска државјанка. Двајцата осомничени, како соизвршители, делото го сториле во петокот кога противправно ја лишиле од слобода и го ограничиле движењето на оштетената. Првоосомничениот, кој имал времен престој во Италија, во државава пристигнал заедно со оштетената, со намера да ја убеди таа да склучи брак со второосомничениот, инаку негов роднина од Скопје, за да може и тој да замине во Италија. Откако пристигнале, осомничените ја заклучиле оштетената во стан во Охрид и се одалечиле во непознат правец. Настанот е пријавен од Амбасадата на Италија, по што осомничените биле пронајдени и лишени од слобода. Јавен обвинител од Охрид, до тамошниот суд поднел предлог за определување на мерка притвор за двајцата киднапери, поради постоење опасност од бегство, но и можност тие да го повторат кривичното дело.

Спонзорирано