Гаврил Бубевски позитивен на корона, Фатиме Фетаи во изолација, „Монструм“ се одложи

2277

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој порано беше дел од Специјалното јавно обвинителство, е позитивен на КОВИД -19 поради што и денеска беше одложено рочиштето за случајот „Монструм“.
Покрај Бубевски, застапничка на обвинението за овој случај, кое своевремено го презема СЈО, е и обвинителката Фатиме Фетаи, која соопшти дека 14 дена ќе биде во самоизолација, поради контакти со Бубевски, со кого присуствувала заедно на неколку судења во последните неколку седмици.
По растурањето на СЈО, Бубевски и Фетаи се вратија во матичното Основно обвинителство – Скопје, но засега нема информации дали и други обвинители оттаму ќе бидат во самоизолација.

Не се знае ниту дали во самоизолација ќе биде судијата Огнен Ставрев, кој го води процесот „Монструм“, и евентуално дел од администрацијата во Кривичниот суд – Скопје.
Од Кривичниот суд соопштија претпладнево дека судењето за „Монструм“ продолжува на 26 август годинава откако денешното рочиште е одложено поради најавено отсуство на надлежниот јавен обвинител.

Спонзорирано