Обвинение за Јово Вангеловски

3862

Поранешниот престдедател на Врховниот суд се товари за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека не донел решение за исплата на додаток на плата за судијка на Врховниот суд

Скопското Основно јавно обвинителство, денеска, до кривичниот, поднесе обвинителен предлог за Јово Вангеловски, сега веќе поранешен претседател на Врховниот суд за сторена злоупотреба на службена положба и овластување.
Според Обвинителството, Вангеловски, на 30. ноември 2018 година, во својство на службено лице -претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, донел поединечни решенија за сите судии на Врховниот суд со кои им го утврдил додатокот на плата за месец ноември во износ од 35 проценти од основната плата, а кој, согласно законот, им следува за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост. Тој, свесно, со намера потешко да и ги повреди правата, не донел решение за исплата на додаток на плата во износ од 31.839 за судијка на Врховниот суд, за која се знае дека не користела отсуство од работа. Иако од Обвинителството не го соопштуваат името на оштетената судијка, сепак, се верува дека се работи за судијката Лидија Неделкова, која, во неколку наврати, отворено му се спротистави на на Вангеловски.
„Обвинетиот постапил спротивно на член 7-б од Законот за платите на судиите и член 7 од правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Северна Македонија донесен од Судскиот совет на РСМ, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, велат од Обвинителството.
Обвинението за Вангеловски не мора да биде и последно, бидејќи не се исклучува можноста тој кривично да одговара и за злоупотребите на системот АКМИС, дотолку повеќе што најголемите злоупотреби, после Владимир Панчевски, биле сторени во време кога тој претседателствувал со Врховниот суд.

Спонзорирано