Боки-13 со кривични пријави за 40 функционери, бизнисмени и нивни роднини

2349

Бојан Јовановски викан Боки 13, кој за случајот „Рекет“ е непрвосилно осуден на девет години затвор, денеска, од истражниот затвор „Скопје“ беше спроведен во Јавното обвинителството каде што поднесе десетина кривични пријави.
Јовановски преку соопштение, рачно напишано, на осум страници, ја информира јавноста дека пријавите во Обвинителство се однесуваат на носителите на јавни функции, членови на нивни семејства и бизнисмени. Според него, сите тие треба да одговараат за злоупотреба на службена должност, измама и давање лажен исказ, а станува збор за околу четириесетина граѓани.

Со поднесените пријави опфатени се околу 40 лица.

Спонзорирано