Основното јавно обвинителство во Гостивар отвори кривична постапка за 41-годишен жител на скопско Студеничани за кривичното дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Сега осомничниот, во средата, набавил наркотична дрога марихуана со намера да ја препродаде во Гостивар. По извршен претрес на стан во Гостивар, полициските службеници пронашле и одзеле 1.765 грама марихуана.
Спонзорирано