КРИВИЧНА „РЕФОРМА“ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ, АМА И НА ГРАЃАНИТЕ ОД НИВ!

700

Новинарите, како и претходно лекарите, ќе бидат заштитени од физичка напади, но тие ќе и се вратат на кривичната одговорност истиот момент кога во законот ќе се вметне кривичното дело „демнење“

 

Љубиша Станковиќ

 

Оваа анегдота, во неколку наврати. сум јас раскажувал пред мал круг на луѓе, а сега ќе ја споделам со читалите, бидејќи тој настан одразува една реална состојба во правосудството, која трае со години наназад.
Приказната се случува во тогашното бифе на скопскиот Апелационен суд каде што на една маса, со часови, седат двајца постари и ренимирани адвокати. После изминато повеќе време, едниот од нив погледнува на часовникот и му вели на колегата: „Еј, ќе задоцниме на судење! Ајде станувај!“.
Некако мрзоволен другиот адвокат го погледнува и му одговара: „Јас не доаѓам! Одамна веќе немам желба да влезам во судница. Сега се суди и пресудува со посеби истражни мерки и со заштитени сведоци. Во мое време се судеше според закон!, ”
Многу вистина има во кажаното. Нема дилеми дека изминативе години законите трпеа измени кои, во суштина, не донесоа некаков квалитет, иако речеси секој министер за правда на измените гледа како на некава реформа.
Речиси еден месец не сум ги коментирал состојбите во правосудството, но тоа не е поради некакво мое повлекување или оградување од случувањата, туку поради тоа што е судск ферија, а на „сцената“ не се случува речисии ништо. Рака на срце, миистерот за правда, непосредно пред да замине на годишен одмор се пофали со неколку работи кои се подведуваат под терминот реформи. Иако, ова некој ќе го сфати како атак на сработеното од министерот, сепак мора да се каже дека квалитетот на судството не треба да се бара во дигитализацијата на судниците, туку во пресудите кои во нив се носат. Не велам дека не е потребна модернизирање, во смисла на техничко – технолошки средства, но обичниот човек повеќе е заинтересиран за пресудата, а во изминатив период имаше неколку такви пресуди кои предизвикаа коментари во јавноста.
За мене не е реформа што јас и сите мои колеги новинари (како и пред тоа лекарите) сме ствавени во закон, како некој заштитен вид. Не сум на мислење дека новинарите (и лекарите) треба како професија да бидат посебно заштитени. Вака како што сме тргнале, утре некоја друга фела ќе побара да влезе во законот, задутре некој трета, и така ќе ги редиме во недоглед сите професии и занимања се додека не го наполниме законот, а сето тоа ќе го наречеме – реформа.
Сосема во право ќе биде министерот ако се брани со кажување дека новинарите влегуваат во закон на нивно барање. Точно е тоа дека дека „заштитата“ беше побарана од новинарскиот еснаф, кој, пак, ништо не прави во заштита на новинарите, а пред се во обезбедување подобри услови за работа, повисоки плати и, зошто да не, бенифициран стаж?! Мојата забелешка е што Министерството за правда требаше да ги има предвид сите наведени моменти, а тоа „на прва“ прифати ставање на новинарите во закон, како, небаре, да се работи за заштита на белите поларни мечки.
Не ми е познато дали и новитетот кој се однесува на новиот член во законот, односно за таканареченото демнење, е дел од реформите, но чинам дека со него ќе има многу проблеми и дека на крајот на денот ќе биде укинато.
Сега имаме ситуација и објаснувања дека со ова кривично дело се штитат нечии лични права и слободи, но што ќе правиме кога ќе почнат да фрчат кривични постапки и тоа за новинари кои, нели, некого демнеле? Може да се случи за ист настан да ги имам и демнењето и заштитата на новинарите, на кои во една ваква кривична постапка нема да им помогне ни Кодексот на новинарите и членот 7 кој вели дека: „Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес!“
Налет јавен интерес!
Кодекс е кодекс, ама закон си е закон!
„Убвината“ со ваквите законски решенија е во тоа што со постапка за демнење ќе нема потреба од претепување на новинари, затоа што тие пак и се вратија на кривичната одговорност и, нормално, на кривичниот суд!
Како и да е ќе биде мошне интересно и забавно!

П.С.
Преовладува мислење дека „најдобра реформа“ се судските пресуди, но дека отсуствуваат добри и кавлитетни пресуди. Некој мора сериозно да се размисли зошто не е испорачана правда за да имаме мир!

Спонзорирано