Од скопјанец запленети автомат „калашников“ и пиштол „смит и весон“

    1477

    Обвинителството отвори истрага за и бара притвор за едно лице за „неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“, од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
    Како што соопштија од Обвинителството, осомничениот, вчера – на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането: автоматска пушка со калибар 7,62 милиметри и 60 куршуми. Освен ова, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка „Smith Wesson“, со калибар 9 милиметри и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.
    Ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничениот и можност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје му предложи да изрече мерка притвор за осомниченото лицe.

    Спонзорирано