Обвинение за актерката Силвија Стојановска и за Војислав Будисављевиќ за шверц на кокаин

979

Обвинението, поднесено од ОЈО ГОКК, се однесува на неуспешниот шверц на близу 700 килограми кокаин кој беше запленет во рамки на меѓународната полициска акција наречена „Колибри“

 

Две лица, кои се дел од меѓународна мрежа на криумчари на наркотични дроги, се обвинети од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
За овие две лица, уапсени во меѓународната полициска акција наречена „Колибри“, денеска е поднесен обвинителен акр кој, во меѓувреме е доставен и до скопскиот кривичен суд.
„По спроведената меѓународна операција ‘Колибри’, во која беа лишени од слобода пет лица, од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Кралството Шпанија, надлежниот јавен обвинител спроведе сеопфатна истражна постапка. Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули до 18. декември минатата година, обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралство Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како повеќе лица, земале учество во неовластено купување, пренесување и продавање на наркотична дрога -кокаин во вкупна количина од 698.758,1 килограми“, се вели во писменото соопштение на обвинителството и се појаснува дека групата подготовувала и организирала набавка, превоз и складиштење на кокаинот од Колумбија до Мадрид, а потоа за неа барале купувачи.
За да не бидат откриени, во нивните постојани активности, обвинетите меѓусебно комуницирале со користење на енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање на евентуална полициска инсталација и на дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки -инхибитор (PROTECT 1207i)“.
„Имајќи ги в предвид видот, тежината и висината на запретената казна, мотивите, начинот на кој е извршено кривичното дело, особено фактот што стореното кривично дело се карактеризира со особена тежина насликана со добра организација и долготрајна подготовка на секое дејствие, посебно за да се реализира намерата и да се заработи од неовластената продажба на наркотичната дрога кокаин, добро развиените врски со криминалните структури надвор од територијата на РС Македонија, обвинителството, заедно со обвинителниот акт, му предложи на судот да ја продолжи мерката притвор за првообвинетиот и мерката куќен притвор за второобвинетата“.​

Во недозволенмста трговија со безмалку 700 килограми кокаин јавноста ги препозна актерката Силвија Стојановска и лицето Војислав Будисављевиќ, кој, пак, уште во 2009 година, за случајот наречен „Мадам Пепи“, во негово отсуство беше осуден на 3,6 години затвор. Будисављевиќ, во 2014 беше екстрадиран во земјава, но никој од надлежните не информираше дали нему му беше дозволено повторување на судската постапка во која тој се товареше за достава на 1.910 грама кокаинска паста, спакувана во пратки од 620, 705 и 585 грама, а по пошта испратен од од извесна Медлин Гуевара Макахуачи, од Перу.

(Љ.С.)

Спонзорирано