Полициски работник пријавен за злоупотреба

    400

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело: злоупотреба на службената положба и овластувања.
    Пријавениот, според наодите на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, на 23. април оваа годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил овласувањата така што со намера да прибави корист за лицето А.Д., од Скопје, кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.
    Освен кривичната пријава на полицискиот работник му претстои и постапка за со која ќе се утврдува негова дисциплинска одговорност. Надлежна комисија за него повела постапка за отстранување од работното место се до донесување на решение во дисциплинска постапка.

    Спонзорирано