Од несовесни скопјани судот ќе наплати казни од 90.000 евра

795

Скопското обвинителство до кривичниот суд веќе доставило 39 предлози за 45 лица за казнени налози, откако биле обвинети за: непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Еден од обвинетите, според обвинителството, не ја почитувал наредбата за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, а другите 44 лица не се придржувале до одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, а по отпочнување на полицискиот час.
За сите овие обвинети лица обвинителите предлагаат судот да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.
Казни ќе има и за по еден жител на Дебар и Охрид, за двајца жители на Штип, односно на Битола, но и за тројца кумановци. шестмина велешани и уште 18 лица од Гевгелија.

Спонзорирано