Обвинителството бара притвор за двајцата штипски насилници

1357

Штипското Основно јавно обвинителство, денеска, до судот поднело предлог за определување притвор за двајцата штипски насилции кои брупатлно претепаа една девојка, а потоа снименото тепање го објавија на социјалните мрежи. Според обвинителството, станува збор за лица на возраст од 23 и 26 години кои се товарат за дека сториле кривичното дело: насилство, од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а за коешто дело е запретена затворска казна до пет години затвор.
„Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, појаснуваат од обвинителството кое цени дека изрекување на мерката притвор е во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, но и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените можат да го повторат делото.

Спонзорирано