Отворена постапка за насилници кои брутално тепаа девојка

1042

Основното јавно обвинителство во Штип, по допрен глас во јавноста, отворило постапка за двајца насилници кои брутално тепаа девојка и кои тепањето го снимиле и го објавија на социјалните мрежи.
„Во насока на обезбедување услови за непречено водење на натамошната постапка и расчистување на кривично правниот предмет преку прибирање на материјални и вербални докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип издаде насоки и наредби до надлежните институции за пронаоѓање на сторителите и нивно приведување во полициска станица. Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата“, се вели во соопштението коешто го лиферуваше Обвинителството.
Како што неофицијално се дознава насилниците се веќе приведени од полицијата и тие ќе им бидат предадени на правосудните органи.

Спонзорирано