Корона профитерство (2): Брзите тестови за откривање корона не чинат ни 250 денари!

5581

Тестовите за коронавирус, за кои неодамна ишувавме дека чинат 7,3 евра, според наши сознанија биле набавени од Кина по цена од само 4,6 американски долари

 

Љ.Станковиќ

 

Пред само неколку денови пишувавме дека тестовите за утврдување на присуство на коронавирусот кај луѓето не само што не чинат 5.000 денари, туку дека не чинат и 1.200 денари, колку што се наплатува за тестирање во болницата на Орце Камчев.
Имено, „Правосудство“ излезе со тврдење дека тестовите кои ни се прикажуваат како ефтини чинат само 7,3 евра, односно дека за 25 теста вкупната цена на чинење е 184 евра или 11.377 денари, односно нешто помалку од 200 евра! Пресметките покажуваат дека за набавка на 15.000 тестови и дека за еден тест се налатува 1.200 денари, груба математика покажува дека болницата „Систина“ би заработила околу 200.000 евра.
По оваа објава до нас се обратија читатели кои тврдат дека цената на таканаречените брзи тестови чинат помалку од она што беше наведено, а за кои цени сметаме дека претставува чисто профитерство во време на најголемата пандемија којашто ја памети човештвото.
Првата забелешка на објавениот текст е тоа дека набавката на тестовите не доаѓа од земјите на ЕУ, па дури ни од Велика Британија, бидејќи е воведена забрана за извоз на тестовите кои навистина чинат 7,3 евра, но дека набавката најверојатно е од Кина каде за тестовите се плаќа 4,6 американски долари нешто повеќе од 250 денари, што, пак, безмалку 10 пати поефтино од она што се наплатува во болницата?!
Доколку навистина се работи за овие и вака платени тестови тогаш многу лесно е да се пресмета дека само пет тестови ја покриваат набавката од комплетот во кој има 25 тестови, односно дека другите 20 тестови е чиста заработка.

Кажано со други зборови, тестови купени по цена од 4,6 американски долари, за набавка од 15.000 тестови, носат профит од преку 300.000 евра.
Инаку, медиуми кои се водат како спонзорирани од Орце Камчев вчера излегоа со информации за направени тестирања и за инфифицирани лица, но со свое толкување на објавеното излезе и Министерствтото за здравство.
„Тестовите кои ги користи приватната клиника ‘Систина’ се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти-тела кои ги прави ‘Систина’, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“. Васквото објаснување на Министерството за здравство е во прилог на тврдењата дека најголем број земји не дозволуваат тестирања да вршат приватни установи токму поради употреба на тестови со кои не се утврдува директното постоење на вирусот и до погрешни резултати.