„ТРАНСПОРТЕР“: Осумка за „Двојче“!

3783

Поранешниот битолски градоначалник и актер, познат по ликот на „Двојче“, Владимир Талески, од кривичниот суд во Скопје е огласен за виновен и е осуден на осум години затвор

 

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески кој е наречен „Двојче“, по еден лик од деткска телевизиска серија е огласен за виновен за злоупотреба на неговата службена положба и овластување, односно заради сторени финанаиски манипулации со фирми кои биле ангажирани за превоз на битолските ученици. На 6,6 години затвор судот го осуди раководитрлот на Секторот за финансии на Опшина Битола, а најголем број од обвинетите добија меѓу две и три години затвор, ни има и такви кои минаа со условни осуди за криминалот тежок 360.000 евра. Со првостепената пресуда е редвидено да се надомести направената штета и тоа преку конфискација на имот од фирмите, а доколку тие не посудуваат имот, тогаш извршувањето ќе оди преку приватниот имот на сега осудените управители.
Овој случај своето име го доби токму поради направените финансиски махинации со организирањето на превозот на ученици во Битола, а за кој поранешниот министер за финансии Зоран Ставрвески кажа дека чини „поскапо од превозот на ученици во Токио“. Истовремено овој случај беше првиот кој, по поднесено обвинение од тогашното Специјално јавно обвинителството ( СЈО), започна да се суди. Истрагата за „Транспортер“ започна есента 2016 година, а на пролет, следна година, беше поднесено и обвинение. Судењето за „Транспортер“ започна на 28. септември 2017 година, а на листата на обвинети се најдоа 21 лице.
СЈО го обвини Владимир Талески и секретарот на општина Битола, Слободан Бончановски, дека свесно организирале скап превоз на ученици, а во тоа им помогнале бројни фирми кои се занимавале со овој вид на дејност, но и директори на училишта со тоа пто не формирале комисии кои би требало да ги мониторираат договорите од јавната набавка.
Колку екс-градоначалникот Тсалески бил корумпиран најдобро може да се разбере од телефонските разговорите што ги воделе поранешните министри Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска. Имено, за Ставервски договорот што битолскиот градоначалник го имал со превозниците тој го оценува како: „коруптивен до даска“. Ставревски потврдува дека Талески „до јуни 2010 имал склучен е договор со ‘Транскоп’ кој е коруптивен до даска“, и потврдува дека кон спомената фирма градот има долг од 36 милиони денари и дополнителни 22 милиони кон приватните превозници. Ставрвески ќе го окарактеризира Талески и како неспособен и како „тежок криминалец“, но и како перфиден глумец.

Спонзорирано