Обвинителството со истрага за синот кој го уби својот татко

    1262

    Скопското обвинителство отпочна кривична истрага за сторено убиство, за лицето кое вчера вечер со повеќе убоди со нож го усмрти сопствениот татко. Од обвиниртелството потврдуваат дека осомничениот ќе биде гонет за убиство, согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик и дека за него, до кривичниот суд, е доставен предлог за изрекување мерка притвор.
    „Осомничениот, 24-годишник, вчера околу 23 часот, при вршење семејно насилство во семејниот дом, го лишил од живот сопствениот татко. Имено, по вербална расправија поради претходно нарушени семејни односи, осомничениот му се приближил на својот татко и му задал повеќе убодни рани со нож во пределот на раката, главата и вратот. Оштетениот успеал да се оттргне и се упатил кон Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, кој е во непосредна близина на неговото живеалиште, за да му биде укажана лекарска помош, но поради обилно крварење како последица на повредите, тој починал пред влезот на Клиничкиот центар“, се вели во соопштението на обвинитеството, од каде и појаснување дека мерката притвор е побарана поради постоење на опасност сега осомничениот да се даде во бегство или, пак, да ја попречува истрагата со тоа што ќе влијае врз сведоците.

    Спонзорирано