Приведени дрвокрадци меѓу нив и претседател на комитет на ВМРО-ДПМНЕ

23947

Припадници на Министерството за внатрешни работи во саботата, околу 15.30 часот, привеле четири лица за кои се верува дека се дрвокрадци.
Од МВР официјално потврдија дека се работи за лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од селото Долно Српци, како и лицето М.И.(65) од Прилеп, и дека приведените немале соодветна дозвола за движење во време кога важи мерката за забрана на движење, но некои политички партии меѓу приведените го препозна претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Могила, Оливер Ристески, и тој јавно беше обвинет дека креадел дрва за време на полициски час.
„На 11. април 2020 година, во 13.30 часот, В.Т. вработен во Шумска полиција, пријави дека од селото Древеник кон селото Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на даден знак од страна на шумарот во тоа подрачје. По пријавата од Шумска полиција на лице место е излезено од страна на шумар од Јавното претпријатие ‘Национални шуми’, кој ги затекнал лицата во атарот на Древеник, каде што ги влечеле исечените стебла и таму ги собирале, за потоа да ги пренесуваат. Од шумарот им било кажано дека ќе биде изготвен записник и дека ќе го документира настанот, а против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок од страна на надлежните служби на ЈП ‘Национални шуми’“, велат од МВР и појаснуваат дека лицата си заминале, но дека набргу потоа се појавиле припадници на СВР Битола кои ги привеле дрвокрадците. Од полицијата е најавен соодветен поднесок, но се очекуваат и други детали поврзани со овој случај.

Спонзорирано