ОД ГЕРМАНИЈА ЕКСТРАДИРАН ДУШКО ИЛИЕВСКИ – МЛЕКАРОТ

831

Битолчанецот Душко Илиевски, на домашната јавност познат како „Душко Млекарот’, денеска беше екстрадиран од Германија. Тој е испорачан по претходно барање за негова екстрадиција, а по изречена судска пресуда.
Илиевски, веќе подолго време живее во Германија, а побара да му се даде политички азил, откако преку социјалните мрежи почна да објавува материјали за наводно нелегалното работење на актуелната власт. Тој, како што е познато, за напад на службено лице тој во Скопје е осуден на 18 месеци затвор и во судот во Битила на уште една година.
За прогонот и притисокот врз правосудните органи Илиевски го од обвини Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ.

Спонзорирано