СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА МУ ГО УКИНА ПРИТВОРОТ НА „БОКИ 13“!

526

Бојан Јовановски, првообинет во предметот наречен „Рекет“, со одлука на скопскиот Апелационен суд ќе го напушти затворот „Скопје“, бидејќи мерката притвор му е заменета за куќен притвор.
Одлуката на Апелација, односно нејзините ставови по однос на укинувањето на пресудата, а на што првично се спротистави скопска „единица“ засега се непознати, но во кусото соопштение на кривичниот суд стои: „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како ‘Рекет’, изјавена преку неговиот бранител, се уважува. Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор. Повеќе детали во решението на Апелациониот суд, кое е експедирано до странките!“
Бојан Јовановски, познат како Боки 13, на 18. јуни оваа година, беше осуден на затворска казна од девет години. Тој се товареше за две кривични дела: примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казнено дело и за двете дела тој беше осуден на по пет години затвор, но со примена на законот тој беше осуден на единствена казна во траење од девет години.
Јовановски, заедно со Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство, како и лицето Зоран Милески – Кичеец беше обвинет дека за милиони евра, требало да му издејствува на Орце Камчев укинување на мерка притвор, а потоа и откажување од негов кривичен прогон, но токму бизнисменот ги пријави дека од него биле изнудени половина милион евра.

Спонзорирано